Демократскиот сојуз го поздравува постигнатиот договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за одлагање на пописот од здравствени причини, за одблокирање на парламентот, како и за постигнување договор за изборното законодавство.
Потсетуваме дека Демократскиот сојуз беше единствениот коалициски партнер во Владата кој повика на одлагање на пописот, предупредувајќи дека статистичката операција нема да биде успешна и ќе даде искривени резултати, поради тоа што многу граѓани ќе се плашат да им отворат врата на попишувачите.
Договорот за одлагање на пописот до септември ќе обезбеди голем дел од населението да се вакцинира, а особено попишувачите – за што исто така се залагавме и ќе даде дополнителни гаранции за успешен попис.
На предлог на нашата партија во Собранието се поднесени и промени на Изборниот законик според кои Македонија треба да биде една изборна единица, што ќе обезбеди услови за порамноправно и подемократско претставување на граѓаните.
Повеќе >> kanal5.com.mk