Царовска: Годинава планираме 1,4 милијарди денари за нови вработувања

За две и пол години, преку мерките за вработување се вработени над 59.000 граѓани, а невработеноста падна на рекордно ниско ниво од 17,1 отсто, што е намалување за 5,5 процентни поени, рече премиерот Оливер Спасовски.

Како што изјави денеска вицепремиерската за економски прашања Мила Царовска, за оваа намена во 2020 година се планирани 1,4 милијарди денари од кои 1,3 милијарди денари ќе ги обезбеди државата, додека останатите средства се обезбедени преку партнерски организации.

-Очекувањата се дека во оваа програма ќе бидат вклучени 11.761 лице и да има рамномерен опфат на мажи и жени, фокусот да биде најмногу на лица до 29 години и програмата има рамномерна регионална застапеност – рече Царовска.

Таа додаде дека и оваа година продолжува инвестирање во оние лица од кои се очекува развивање на претприемачки дух, бидејќи се покажало дека овие микро бизниси се одржливи и опстојуваат.

– Во 2020 очекуваме да поддржиме 1.364 микро бизниси и одвојуваме 447 милиони денари за оваа мерка. Преку мерката за самовработување во 2017 година 97 проценти од основаните фирми се уште функционираат, додека во 2018 година активни се 99 проценти од фирмите основани на тој начин – рече Царовска.

SHARE