Вработена во Основниот суд Скопје 1, реагира по мојата објава за двете колешки кои си отвориле дуќанче во судот па неколку години наплаќале ,,на црнко,, уверенија за неосудуваност на сторители на кривични дела кои до уверение можеле да дојдат само ако си платат ,,тарифа,, одредена од двете вработени во Основен суд 1 Скопје. Еве ја нејзината реакција:
,,Работам во кривичен суд долги години и гледам во живо што се случува. Конкретно по вашата објава за двете службенички фатени на дело во издавање уверенија за неосудуваност на лица на кои никако не смее да им се издадат бидејќи се сторители на тешки кривични дела, сведок сум дека и двете не се ниту дисциплински казнети ниту пак процесуирани на било каков начин, туку само се тргнати од ова доходовно место и преместени на други работни задачи.
ЕЛЕНА И МИРЕЛА се нивните имиња, ама тие не се виновни за кривичните дела што ги правеле. Ставени се во машина од ГОРАН СТАМЕНКОВСКИ, советник на екс премиерот Зоран Заев кој има и премногу слободно време, па наместо да го поминува во Владата, тој го контролира кривичниот суд и изигрува претседател наместо ИВАН ЏОЛЕВ. Тој пак не смее да му се спротивстави бидејќи СТАМЕНКОВСКИ постојано му се заканува со Заев и со смена, само требало да сврти еден телефон.
ГОРАН СТАМЕНКОВСКИ ги има натерано МИРЕЛА и ЕЛЕНА да издаваат уверенија на криминалци за неосудуваност, без покритие, а тој ја има определено и тарифата колку тоа кошта. Големиот дел од парите наплатени за таквите уверенија ги зема за себе, аМИРЕЛА и ЕЛЕНА го делеа ризикот и добиваа трошки од Горан. Надзорните камери ако бидат вратени во судот ќе се види дека постојано им е присутен на ЕЛЕНА и МИРЕЛА над глава, постојано ги побрзува да завршат со ова или она уверение, секогаш му се брзаше да бидат испечатени, потпишани и издадени. Лично ги носеше таквите уверенија кај дежурен судија на потпис и печат, нивно беше само да спремат све и да молчат кому се издаваат уверенија без покритие.
Ниту ЕЛЕНА ниту МИРЕЛА не беа поврзани со ниеден судија во оваа незаконска работа, туку СТАМЕНКОВСКИ смислил да се носат на потпис секогаш кај дежурен судија бидејќи тука се менуваа судии, секогаш дежура некој друг, па не се забележува. Инаку, ГОРАН СТАМЕНКОВСКИ беше донесен во кривичен суд во Основен суд 2 каде жените пиштеа од него бидејќи насилно и манијакално се однесувал со нив. ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ го донесе во кривичен суд од двојка, каде бил примен како возач. Ама на Панчевски му бил другар па го прибрал во кривичен суд. Откако зема власт под ПАНЧЕВСКИ дојдоа во меѓусебен конфликт, се тужеа еден против друг, се тепаа во бараките во парк, во судот за прекршоци. Има сведоци за овие пресметки!
Откако се пресмета со Панчевски и го донесе ИВАН ЏОЛЕВ за претседател, стана газда на Основен кривичен суд и си отвори дуќанче со уверенијата, негово е а ЕЛЕНА и МИРЕЛА беа само обични продавачки во дуќанчето. За да не се отвори истрага после која СТАМЕНКОВСКИ ќе заврши притвор, ЕЛЕНА и МИРЕЛА само се преместени, се надеваше СТАМЕНКОВСКИ дека јавноста нема да дознае.
Ама, еве некој од моите колеги ти дојави да објавиш…,,
(идентитетот на авторот на ова обраќање е скриен од разбирливи причини)