ЗОШТО ПЕНДАРОВСКИ ОПАСНО „ПРОТАРАШКА„ ВО 27 АПРИЛ„ И ЗАМОЛЧА?
Пишува: екипа на „Буревесник.нет.
По „политичко – диверзантскиот„ упад на Претседателот Стево Пендаровски во случајот „27 април„ кога тој изјави дека лицата осудени како терористи, всушност не биле терористи„ сега завладеа молк!?
За потсетување , Пендаровски со ништо непредизвикан , барем јавно, во јавен настап изјави „Јас луѓето првично ги прашував околу мене за какво кривично дело се гонат, јас знам дека такво кривично дело, мислам формулација таква, немаше на времето ниту во бивша Југославија, ниту во 1990-тите години. Тоа е подоцна прифатено. Бидејќи јас нешто знам околу тероризмот и околу безбедносните проблеми и дилеми, јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи што влегоа“, изјави Пендаровски.
Со вака несреќно конципираната изјава Пендаровски, предизвика јавен и политички хаос во јавноста, судството , политичките средини и институциите како и кај меѓународните субјекти кои сериозно беа вклучени и сеуште се активни во довршувањето на она што се случуваше на 27 април и во Собранието , но и во целата држава!
Уште покатастрофално беше Соопштението на претседателскиот Кабинетот според кое : „За да не се политизира целата постапка, секој кој евентуално поседува нови докази треба да ги приложи до Судот а не на настанот да му дава политички квалификации. Како легалист председателот Пендаровски смета дека тоа е единствениот правен пат за да се разрешат сомневањата каде што тие постојат“, соопштија од Кабинетот на Претседателот. Ова всушност значи признание за неспособност односно, дека „некој „ има повеќе информаци, материјали и докази отколку Претседателот и неговата администрација на која хиерархиски и се подредени безмалку сите државни институции меѓу кое најмоќна е Агенцијата за национална безбедност со сите свои делови и особено делот на разузнавање и особено таканареченото „ длабинско разузнавање „ со кои командува токму Пендаровски.
Сепак во ваквото однесување на Претседателот Пендаровски, најмалку е чудно аматерското однесување на неговиот Кабинет кој со погоре цитираното Соопштение признава некој друг треба да им ја врши нивната работа за која земаат големи плати а трошат и огромен дел од државниот буџет !? Ова и не е толку мистериозно, бидејќи добар дел од Кабинетот на
Пендаровски е составен од административци кои претходно работеа во кабинетот на Зоран Заев со кој Пендаровски јавно е познато, има се повеќе сериозно спротивни ставови за важни државни прашања!?
И СДСМ како политичка база на Пендаровски за да дојде на претседателската функција се огради од ставот на Претседателот дека „терористите „ всушност не се „ терористи „ а што јасно го соопшти пратеничката Даниела Марковска според која „ На 27 април се случи терористичко загрозување на уставниот поредок, тоа е потврдено и со судски пресуди“.
Најчудно во се е што Пендаровски има идентичен став и беше подржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која на масовен протест даде подршка на осудените за упадот во Собранието, при што од 33 обвинети , по амнестирањето на 15 – мина на предлог од владата на Зоран Заев , 18 лица се осудени на вкупно 211 години затвор.
Уште почуден е ваквиот упад на Претседателот на Републиката како извршна власт во правосудниот и законодавниот систем што заслужува сериозна анализа и од национални и од меѓународен аспект?
Следува: Дали Пендаровски го спасува Груевски?