Статус на Зоран Божиновски – Буревесник:
Христијан Мицкоски посети макета на црква.
Црквата крај Смилковско езеро, која јас ја викам Свети Марко, изградена на десетина метри од местото на убиството на момчињата и рибарот, на 12 април 2012 година, колку јас што знам е само МАКЕТА!
Факти:
На неколку метри од тука, во селото си има црква која селаните си ја сметаат за своја, во оваа не одат, ја сметаат за проклета…
Јас ја викам Свети Марко по тогашниот основен јавен обвинител Марко Зврлевски кој е прв обвинител кој излегува на место на убиство по пријава од полицијата дека се пронајдени тела на пет убиени лица. Две недели подоцна Зврлевски се трга од случајот и е назначен друг обвинител…
Десет месеци подоцна Зврлевски за успешно монтирање на случајот Монструм е награден со функција републички јавен обвинител. Ракоположен е од Чудовиштето од Пешта. Зврлевски е тој што дозволува во март 2012, сред истрага и на неколку месеци пред да почне судење на притворени и осомничени за убиствата, Црковен одбор, да почне да собира прилози и да започне со градба на оваа наменска монтажна црква. Наменета е за заташкување на масакарот со цел никогаш да не се открие што точно се случило…