ИСПЛАНИРАНА ОПАСНА ФАБРИКА ВО ГАЗИ БАБА
Пишува: екипа на „Burevesnik.Net„
Иако е засега само предлог за измена на урбанистички план на општина Гази Баба, според информациите и соговорници на „Burevesnik.Net„ сите кои ќе учествуваат по службена должност во противзаконската измена на планот и градењето на фабриката како еколошки опасен и загадувачки капацитет ризикуваат да се инволвираат и сторат сериозни кривични дела и обвинение и судска постапка да добијат високи затворски казни!
Иако, таинствен и мистериозен за јавноста, се работи за сериозен, но криминален проект кој веќе е предмет на анализи и на македонската и на меѓународната јавност. Дали тоа го знае и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, кој сосема е можно да добил политичка наредба да го протурка проектот и не е најважно. Сепак, за него е најважно дека од позиција на градоначалник со локално искуство е ставен да легализира „тежок„ проект од позиција на носител на службена положба и овластување како градоначалник. Тоа што тој не разбира или нема информација што се случувало со истиот проект пред тој да дојде на градоначалничката функција нема да му биде олеснителна околност доколку влезе во криминал од меѓународен калибар, пред се со пласирање неточни и ограничени информации во усвојувањето на проектот и измената на локалниот урбанистички план, но и лично потпишување на сегашната и конечната документација.
Контроверзните предложени измени детални урбанистички планови за делот на Општина Гази Баба, во кој порано работеа погоните на фабриката за железо, ги вознемирија и локалните жители. На веб-страницата на Општината беше објавено известување за спроведување стратегиска оцена за влијание за животната средина за урбанистички проект за три парцели наменети за изградба на постројки за „неопасен„ отпад што е веќе вовед за влез на Борис Гергиевски во кривичното дело кое веќе постои и по него постапувале некои државни институции.