Пресврт во маратонското судење за екс премиерот Владо Бучковски. На завршни зборови обвинителството се премисли и го преквалификува делото пред самиот крај. Со новата квалификација всушност предметот застарува велат од Коалицијата сите за правично судење чии преставници го следеле денешното рочиште.
На инсистирање на Бучковски е дозволено на следното рочиште тој да ги каже последните завршни зборови, а тоа го побарал за да образложи зошто е невин. Одлука на судијката Даниела Алексовска Стојановска која го води предметот за застареност се уште нема, но сепак според познавачите тоа е само формалност која ќе следува на следното рочиште закажано за 22-ри овој месец.
Заедно со неговото дело застаруваат и оние на обвинетиот ексначалник на генералптабот на АРМ Методиј Стамболиски и неколкумина вработени во Министесртвото за одбрана.
Обвинителството за организиран криминал во јули 2007 година поднесе обвинение против Бучковски и Стамболиски за злоупотреба на функциите. Тврдеше дека со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од околу 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.