„…откако ги сменија униформите за одела, гледаат само како да лапнат што е можно повеќе тендери, како да стават на државен платен список што е можно повеќе свои членови (по можност и да седат дома), како да поделат што е можно повеќе субвенции на свои гласачи, како да изградат што е можно повеќе дивоградби за своите бизниси“ – пишува универзитетскиот професор и поранешен советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ.
Тој смета дека Фатмир Бесими е добар избор за миниситер за финансии, но проблем е што државните финансии во новата владина гарнитура се препуштени на ДУИ.
„Во најголемата економска криза во поновата историја, кога илјадници луѓе остануваат без работа, кога многу мали фирми се на раб на затворање, кога економската активност паѓа повеќе од 10%.
Затоа, ве молам, немојте да зборувате за тоа како економијата ви била важна, како ќе сте се фокусирале на неа, како ќе сте обезбедиле економски развој. Наведнете глава и молчете, јасно ни е дека ве натерале да капитулирате“, порача Јовановиќ на Фејсбук.