Заев им понуди коалиција на вмро. Двете партии што се најголеми џелати на Македонија. Почнувајќи од криминалната приватизација, 10 години режим на вмро, систематско пљачкање на народот и државата сакаат да се здружат.
Што имаме од тие 30 години? Имаме 455.000 сиромашни кои живеат со под 100 денари на ден. Имаме генерации млади избркани од својот дом во странство. Имаме најниски плати во Европа, најлошо образование, здравствен систем кој убива, канцероген воздух поради нечии профити да се гори тука ѓубрето од Европа, имаме робовски систем од двете партии да имаат свои поданици кои за да преживеат мораат да се послушни, имаме владеење на неправдата и закони кои важат само за сиромашните, имаме тајкуни и ебиветри кои ги создадоа двете партии, локални шерифи кои владеат со секој град, имаме партизирани јавни институции, живееме во земја која троши најмногу лекови за смирување по жител во Европа. Имаме и броеви за лечење деца на кои им се потребни сум колку што чини една нивна вечера. Имаме и хибриден режим, криминалци и на слобода и на власт, местени тендери…
Ваква коалиција би била најдобра за македонскиот народ. Двете партии наеднаш да заминат во историја.