Борјан Јовановски за Ганка Цветанова
„Овој ден е важен затоа што завршува нашето лутање низ геополитиката.“
Новинарот Борјан Јовановски на својот Фејсбук профил објави пост со кој и се обрати на поранешната пратеничка од ВМРО ДПМНЕ, Ганка Цветанова, во врска постот кој таа го објави на Твитер во врска егзодусот на Македонците во Егејска Македонија, пред 82 години:
Ганка Цветановска денеска на твитер го напиша следново “На денешен ден 30 март пред точно 82 год. започна егзодусот на Македонците во Егејска Македонија, денешна Грција. Во чест и сеќавање на сите кои беа протерани од своите огништа и оние кои останаа а беа изгорени од напалм бомбите” напиша Ганка.
На денешен ден 30 март пред точно 82 год. започна егзодусот на Македонците во Егејска Македонија, денешна Грција. Во чест и сеќавање на сите кои беа протерани од своите огништа и оние кои останаа а беа изгорени од напалм бомбите. https://t.co/qQfOWZl0R6
— Ganka Cvetanova (@gankacv) March 30, 2020
Не можам да тврдам но претпоставувам дека индиректно се однесува на денешиот голем ден кога се дигна Македонското знаме во НАТО. Без разлика на нејзините намери мислам дека е добро да се потсетиме на оваа тажна епизода од нашата историја. Македонците тогаш лутаа и во тоа лутање станаа жртва на една геополитичка реалност.
Токму затoa овој ден е важен затоа што завршува нашето лутање низ геополитиката. Застанавме на нозе и свој пат а со тоа го прекинува и проклетството кое се повторуваше низ генерациите. Честитки за сите!
П.С Во граѓанската војна од Грција беа протерани сите, без разлика на етничка припадност, кои беа блиски до ДАГ.