Не сакам ни да помислам да се доведеме во состојба Бугарија да ги блокира евроинтеграциите на Северна Македонија, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали би можело да се случи, под некакви околности Бугарија да го блокира напредокот на земјава кон ЕУ.
Борисов ги повика историчарите во комисиите да си ја вршат својата работа, а политичарите само да се поклонуваат пред спомениците на паднатите херои.
„Ако го гледавме само нашиот бугарски интерес намаше да се заложиме за членството на Северна Македонија во НАТО. Но, комисиите имаат историска задача и до октомври треба да ги завршат прашањата“, рече Борисов.
Одговарајќи на прашањето што ако нема компромис до октомври, тој рече дека „мора да се постигне компромис, па ако треба комисите да работат секој ден“.
izvor – mkd.mk