Ново продолжение од снимениот разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, еден од главните актери во аферата Рекет, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска која беше директорка за човечки ресурси во болницата Аџибаден Систина.
Видеото е објавено на youtube.
Во оваа најново видео, од серијалот Мицкоски, Кичеец и Слободанка Алексовска, Мицкоски кажува дека му е многу благодарен на Орце Камчев како еден од ретките луѓе што му помогнал кога тој дојде на чело на партијата со огромни долгови.
Или како што самиот Мицкоски вели во сниманиот разговор, партијата била пред исклучување од струја, парно, немале вода и неплатена кабелска. Тогаш Орце им помогнал за долгот што ВМРО ДПМНЕ го имала кон сестрата на Камчев. Јас тоа знам да го ценам, вели Мицкоски во снимениот разговор.
Интересен е делот каде Мицковски вели:
-Овој закон за јавно обвинителство, ако помине вака како што мислат да помине, тој предмет не е завршен. Напротив, да знаете. Единствен којшто се бори во моментов сум јас, вели Мицкоски.
Очигледно се мисли на случајот Империја каде еден од главните учесници е токму Камчев.
Интересно е дека на вчерашната трибина на СДСМ во Охрид, Зоран Заев навести дека може да се појави снимка каде се дознава дека Камчев му помага на Мицкоски.
Оваа снимка фрла нова светлина на однесувањето на ВМРО ДПМНЕ да не гласа за продолжување на мандатот на СЈО и за (не)гласанњето на новиот закон за обвинителството каде требаше да бидат префрлени случаите третирани од СЈО.
Во една прилика Мицкоски рече дека ќе поднесе оставка ако се докажат негови средби со Кичеец и Камчев. Ќе видиме како сега ќе одговори на овие нови бомби.
Видеото е објавено на youtube.