Министерот за правда Бојан Маричиќ ијзави дека механизмот како ќе се прави ревизија на дел од судските процеси сè уште се прецизира но нагласи дека први на тапет треба да се случаите кои се од висок профил на корупција и организиран криминал..
Тој не исклучува под контрола да се најдат и случаите или пресудите кои ги суделе судиите кои беа нотирани во извештајот на Стејт департментот и извештајот од Прибе.
– Имаме извештаи на Прибе и на Стејт депратментот во кои многу јасно се прецизирани структурите во судството и поединечни луѓе. Дел од тие веќе не се во дел од судството, поголемиот дел се, но покажавме дека судството има сила кога сака да реагира на тие случаи. Ако си ја завршат работата луѓето во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители и дадат резултати ќе се смени атмосферата и прецепцијата за судството, истакна Маричиќ.
Според него, најдоборо би било Судскиот совет и Советот на јавнии обвинители да вршат ревизија на слуачите по случаен избор и да провери пет остот од предметите. -Прво ДКСК треба да направи проверка на имотот, а од друга страна да започне филтрирање, проветрување или прегледување на оние случаи каде има голем застој или каде има застарување и има можност да се направи анализа од кои причини настанало, појасни Маричиќ.
Нема да има пресуди во четири очи, ниту на телефон. Очекуваме судиите да одлучуваат по своја волја и по закон без мешање на извршната власт и со задржување на поделбата на власта. Довербата во судството заначи доверба и во системот затоа што кога немаат граѓаните доверба во судството немаат ни во системот. Имаме предуслови довербата да ја качиме еден степен погоре, рече Маричиќ .