Петар Богојески за порталот „Политика“ даде ексклузивна изјава во врска со денешниот состанок на лидерите од „Западен Балкан“ или т.н. „Мал Шенген“.
Изјавата Ви ја пренесуваме во целост:
„Мицкоски е пуштен низ вода!
Европската интеграција на Македонија е без алтернатива. Околу тоа сме сите согласни. Но како до крајната дестинација Брисел?
Идејата беше преку Преспа да се патува за Брисел. Тој процес е веќе мртов. Преспанскиот воз се расипа! Плус остана без гориво! Заев беше машиновозачот на тој воз, и тој тоа добро го знае.
Мицкоски вложи се, тој воз да пропадне, да се расипе, а следниот да го вози тој. Но што се случи?
Претседателот Макрон ни стави јасно до знаење, патот на Македонија и Албанија до Брисел, оди преку Белград!
Мицкоски беше сигурен дека тој ќе биде “шоферот”. Но во политиката, 2+2 не се 4. Компромисот е донесен. Денес во Охрид ни беше соопшен. А Мицкоски на очајна пресконференција за рецензија на “хидроцентралите на Заев”, истото го призна!
Возот ќе поминува преку Белград, но повторно “возачот” ќе биде Заев. Мицкоски го пуштија низ вода!
Свесен за ова, во очајнички обид да му се допадне на Белград, Мицкоски преку некои гласноговорници, на кои местото не им е во ВМРО, и понуди се на Србија, само и само он да биде избран за машиновозач. Јас тоа го опишав со онаа “газ за власт”! Но тоа не помогна, и тој воз, виа Белград, замина. Мицкоски остана на мермерната станица во Скопје, позната како белата палата.
Тоа и бил компромисот. Да се промени трасата, да се пушти нов воз, но патниците и машиновозачот да останат исти! Заев си обезбеди патување, си обезбеди повторно комотна позиција за следните избори, а Мицкоски поради својата кусогледост, инаетлук и неталентираност, раководен од бандитите од мермерната палата, остана повторно надвор од играта. Со тоа ја осуди ВМРО ДПМНЕ на пролонгиран престој во опозиција, но и сите нас.
Заев ја смени страната! Тука официјална Софија е немоќна. Тие сами се осудија на исклучување. Но Мицкоски изманипулиран, остана надвор од суштината на европскиот процес. На него никој не му веруваме дека може да не европеизира, па ниту некој дипломат мисли дека тој има таков капацитет. Буквално ниту еден дипломат.
Единствена алтернатива на оваа погрешна политика на Заев, ја понуди Македонски Концепт, преку промоцијата на новиот пристап за регионална интеграција во ЕУ, наречен “Централно Балканска Иницијатива”!
Мицкоски нема друг избор, или ќе ја поддржи таа наша иницијатива или ќе остане подизведувач на Заев! И ќе трчка како кутре по претседателот Вучич, во обид да го убеди колку е тој подобар извршител од Заев.
Време е да го ослободи ВМРО ДПМНЕ, со цел да биде понудена посериозна алтернатива на СДСМ и на Заев на овие избори. Во спротивно, Мицкоски дирекно му помага на Заев да остане на власт уште 4 години!
Македонија има алтернатива! ЦБИ е нашата алтернатива! Ние кои сме независни од владиното влијание во земјава, продолжуваме со крупни чекори напред, кон вистинскиот правец за Македонија кон Брисел! Правиот пат на Заев го сметаме за погрешен!“