Не би сакал да критикувам во време кога луѓе даваат се од себе за да помогнат. Би сакал да повикам на подобра организираност и на обезбедување на дополнителен медицински персонал, изјави во Утрински брифинг лидерот на македонски концепт, Петар Богојески.
Богојески од Македонски концепт, кој и самиот беше позитивен на коронавирусот, бесплатно го нуди туристичкиот комплекс Шула Мина во Крушево да биде ковид центар.
-Објектот започнал да постои за време на Првата светска војна како кислородна бања за болни од туберколоза. Так ами дојде иодејката нешто што се користело за тааа намена повторно да се искористи. Ние толку можеме да направиме, тоа што го имаме како капацитет да го ставиме на располагање. Се слушнавме неколку пати со министерот Филипче. Искажа благодарност за понудата и се надевам дека доколку се најде соодветен начин за искористување и медицински персомнал тоа ќе биде искористено. Како што нагласи Филипче најголем проблем е недостатокот на медицински персонал во емјата и затоа се инсистира да се користат постојните болници, изјави Богојески, кој додаде дека за жал и овој хуман гест наиде на политизација и жали се што се прави за доброто на општеството се гледа низ призмата на политиката.
Целиот разговор со Петар Богојески, лидер на Македонски концепт, погледнете го во видеото.
Повеќе >> Слободен Печат