Промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески преку статус на својот официјален Фејсбук профил го повика министерот за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов на дуел, како одговор на последната изјава на Каракачанов.
” Ајде на дуел?!?
Господин Красимир Каракачанов, Вашата Бугарија е како крава која дава, дава млеко и на крај ќе го клоцне! Така сега правите со ова Вашево смешно вето! Џабе први признавте независност, џабе први ретификувавте НАТО договор, џабе дадовте тенкови, џабе помогнавте со грчката блокада… се џабе, кога на крај, се ќе клоцнете со едно вето!
Јас и Вие сме историчари, по дел од нашето образование! Ајде на дуел? Јавно!
Да видиме кој краде историја?
Да видиме кој јазик е постар, македонскиот или бугарскиот?!?
Ајде еднаш за секогаш да се расчистиме, за раат да бидат младите Македонци и Бугари и од мене и од тебе?!?
Ве молам немојте на нас со приказната “коминетрна”, зашто Вие цел живот и служите на Коминтерната и работите за болшевизмот!
Нема потреба од “доказателства” нели?!? ”