Со првата издадена дозвола за градба, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, го отвори патот за уништување на шумата на Водно. Озлогласените плацеви од „бомбите“ на СДСМ купени со сомнителни пари и офшор фирми, станаа градежно земјиште на кое наскоро ќе почне изградба на првата хациенда. Неа ќе ја гради Филип Костиќ, лице непознато во елитните бизнис кругови, пренесува ИРЛ.
Вчера до соседството на улицата „Питу Гули“ стигна допис од општина Центар. Всушност, писмото стигна само до жител кој повеќе не престојува на таа адреса. Општината го известува дека градоначалникот Саша Богдановиќ на 7 април ставил потпис на дозвола за изградба на куќа на парцела во парк шумата Водно, над нивните домови. До куќата нема пат, но ако се изгради, овој пат ќе води до спорните парцели на озлогласениот офшор “Ексико” и фирмите на семејството Камчеви и Груевски.
Дозволата е издадена на име на приватна фирма „Маркеза ДООЕЛ“ од Скопје. Соседите имаат право да се жалат во рок од 15 дена, по кој период инвеститорот ќе добие правосилно решение.
Сопственик на „Маркеза“ е извесен Филип Костиќ. Име кое не е познато во елитните кругови на бизнисмени. Неговиот имот е опкружен со парцели чии сопственици се фирмата „Ексико“, „Кара“ на Орце Камчев, „Манд Интернационал“ на бизнисменот и поранешниот кошаркар Пеце Наумовски. Но, Костиќ е првиот во ова друштво кому Богдановиќ го потпишал документот за градба.
Целиот текст на >> ИРЛ