Актерката и поранешен градоначалник на Општина Кисела Вода Биљана Беличанец Алексиќ пронајдена мртва

biljana belicanec aleksic
Прочитај за: < 1 минута

Aктерката и поранешен градоначалник на Општина Кисела Вода Биљана Беличанец Алексиќ пронајдена мртва во стан во Скопје.

Веста ја потврдија од МВР од каде велат дека таа е пронајдена мртва но не откриваат како починала.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти.[3]

SHARE