Водителот на емисијата 360 на Алсат телевизија, Васко Попетревски во вчерашното итервју со министерот за правда, Бојан Маричиќ повеќе пати говореше за апсење на премиерот Зоран Заев, поставувајќи го прашањето кој ќе го апси имајќи во предвид дека тој има целосна контрола врз македонското правосудство.
Говорејќи за бегството на Мијалков, Попетревски ја постави тезата дека македонското правосудство е под целосна контрола на Зоран Заев цитирајќи ги неговите изјави каде тој истакнува дека ја координирал акцијата за враќањето на Мијалков, барал конфискација на имот, жолти ленти и друго.
“Наредба на МВР за конфискација на имот не може да има. Бидејќи МВР не конфискува имот. Како да бидеме сигурни дека утре овој суд и обвинителство можат да бидат независни во евентуално постапка против премиерот Заев”, вели Попетревски пренесува Инфомакс.
Како може суд и обвинителство да се координираат со Заев, па утре ќе треба да го гонат истакна тој.
“Еве зошто мислам дека ова може да биде проблем. Затоа што истиот тој суд, истото тоа обвинителство денес или утре треба да се стави наспроти, МВР, наспроти премиерот. Тоа обвинителство, тоа судство утре треба да ги гони тие луѓе, не да се координира со нив”, вели Попетревски.
https://www.youtube.com/watch?v=rVKyq8Rphvw&feature=emb_title