Министерот за здравство на Чешка, Адам Војтех, денес поднесе оставка поради критиките за справување со здравствената криза по зголемувањето на случаите на коронавирус во земјата.
Премиерот Бабиш објави дека Војтех можел да биде запаметен како најдобриот чешки министер за здравство, доколку не ја трошел целата своја енергија борејќи се со коронавирусот.
По Шпанија, Чешка има второ најголемо зголемување на бројот на заболени од Ковид 19 во Европа, откако беа укинати вонредните мерки.
Оставката на чешкиот министер за здравство, дене стана тема на социјалните мрежи кај нас, поради тоа што ние за разлика од Чешка, имаме многу поголем број позитивни по глава на жител.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев напиша:
„Министре, жена ми има да ти каже нешто…“
А потоа го сподели статусот од својата сопруга Тамара Јованов, која напиша:
„Се очекува 30 МИЛИОНИ луѓе да по чинат од глад, поради мерките за Ковид (од Ковид се поч инати околу 900.000, со голема веројатност дека се напумпани бројки)?!
Секој нормален што верува во вирусот, веќе НЕ ВЕРУВА во пропагандата и погрешните политики!
Колку луѓе кај нас се починати од предолгата нефункционалност на примарното јавно здравство? (Овие бројки ги мерите или не се важни?)
Од загаден воздух ни ум ираат повеќе отколку од Ковид! (За ова правите нешто и ЗОШТО НЕ?)
Каде е ОДГОВОРНОСТА за неуспешна имплементација на постојните мерки? (На луѓето им дадовте ваучери за одмор, отворивте кафани, дискотеки без контрола – што очекувавте?
Дека младите на диско ќе одат со маски?) Вашето непознавање на човечката психа е ЗАПРЕПАСТУВАЧКО, но не чуди, бидејќи вие не живеете меѓу и со луѓето, туку горе високо, во палатите на Водно.
На ред е ОСТАВКА (како во Чешка на пр.), а не нови мерки!“