Статус на Димитар Апасиев:
“Еве кон што води АВТОШОВИНИСТИЧКАТА политика на Заев за реабилитација на (нео)фашизмот и бришење на АСНОМ!
ИСКРШЕНА ПЛОЧА НА КОЈА ПИШУВА БУГАРСКИ ОКУПАТОР ВО ПРОБИШТИП
Локални жители ни ги испратија овие фотографии од искршената спомен-плоча од Народно-ослободителната борба која сведочи за отпорот против бугарскиот фашистички окупатор. Спомен-обележјето, кое е во близина на Пробиштип, сведочи за борбите водени од Третата македонска ударна бригада заедно со Косовскиот одред, при што евидентно е дека споменикот и претходно бил во очајна состојба, поради негрижа на властите.
Ваквите неофашистички испади се се’ почести, додека Македонија се соочува со ревизионизам на антифашистичката историја, каде агресорот се прикажува како жртва – за што директно е виновна покорната и автошовинистичка политика на социјал-демократите на власт! Впрочем, токму премиерот Заев, во скандалозното интервју објаснуваше дека веќе се тргнати неколку спомен-плочи на кои пишува бугарски окупатор, без никаква транспарентност пред јавноста за кои споменици се работи и кој дал таква дозвола. Целокупните процеси кои се случуваат периодов и ревизионистичкиот однос на власта спрема анти-фашистичката историја остава голем простор за сомнежи дека ваквите изолирани случаи на кршење споменици се директно поддржани од естаблишментот.”