Статус на Димитар Апасиев:
Да имавме стамен и достоинствен шеф на ДИПЛОМАТИЈАТА, а не вакво покондирано шпиунско конте, на првата официјална средба со бугарски државник ќе го покренеше круцијалното прашање – зошто Република Бугарија, како земја членка на ЕУ, систематски ги негира и забранува собирите и здружувањето на Македонците во Пиринска Македонија и не ја имплементира пресудата на Европскиот суд за човекови права (Стразбур) во корист на ОМО „Илинден“?
Имено, во случајот ‘Станков и ОМО Илинден против Бугарија’ (2001), ЕСЧП констатира повреда на членот 11 од Европската конвенција за човекови права [Слобода на собирање и здружување] – наведувајќи дека „автоматското потпирање на фактот дека организацијата била прогласена за неуставна и не и се овозможило правно да се регистрира, не може да биде доволен за да се оправда практиката на систематски забрани за држење мирни собири! Сите жители на регионот се овластени да основаат здруженија, со цел да ги промовираат регионалните особености, а фактот што здружението настојувало да ја разбуди малцинската национална свест не е доволен за да се оправда ограничувањето на неговите права што му се гарантираат со чл. 11 од ЕКЧП“