Ковид-19 донесе одличен предизвик за нови деловни модели и можност традиционални бизниси да се променат и да се прилагодат за да преживеат. Некои бизниси ќе згаснат, некои ќе се прилагодат и трансформираат за да станат поконкурентни после кризата, вели поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска во интервјуто за изданието на „TOP 100 SEE“ кое беше публикувано вчера.
– Ковид-кризата ги откри нашите слабости почнувајќи од неподготвеноста за дигиталната економија до брзата примената на дигитални решенија . Многу луѓе велат дека ништо нема да биде исто по Ковид. Нема подобро време да се дигитализираат нациите и да се прифати технологијата во економијата, вели Ангеловска.
Бизнисменката вели дека нациите и системите бавно се менуваат и прилагодување на „новото нормално живеење“, коментирајќи го справувањето на македонската економија со новата реалност.
– Главниот двигател за економски раст за нашата мала и отворена економија, верувам дека се технологија и дигитализација. Без дигитализација на нашата нација и зголемување на дигиталните вештини, ние ја пропуштаме можноста за побрз раст. На пример, имаме голем потенцијал во земјоделството и туризмот и само синергијата на овие дејности со технологија може да доведе до зајакнување на растот. Понатаму, зголемување на уделот на производи со додадена вредност во извозот може да направи разлика, додава таа.
Ангеловска вели дека за зголемување на конкурентноста на нашата економија е потребна трансформација во иновативна и „паметна“ земја. Ова е изводливо ако постои унифицирана визија, силна посветеност и напорна работа.
– Мислам дека најголем ризик за тоа како ќе се одвиваат работите е траењето на пандемијата, какви мерки ќе бидат изречени, дали ќе има рестрикции и карантин и слично. Се разбира, постојат други ризици поврзани со луѓе, политичка волја и посветеност, смета поранешната министерка.
Според неа, оваа трансформација и адаптација не може да се направи без имплементација на нови дигитални алатки и технологијата. Е-трговијата може да биде одличен двигател за раст како што се отвораат нови пазари, нови потенцијални клиенти за локални бизниси.
– Ако погледнеме во е-трговијата на глобално ниво за време на Ковид, во изминатите шест месеци, некои пазари се забрзаа до нивото предвидено ниво на раст за 2022-2023 година. Сепак, мислам дека овој регион не успева да ја искористи можноста што се должи на веќе постоечките слабости што јас ги споменав, особено ниските дигитални вештини, тврди Ангеловска.
Како што вели таа, развојот во овој период може да се зголеми и со отворањето на националните економии и пазари еден кон друг во регионот, односно со нивно проширување без административни граници.
– Северна Македонија има потенцијал да биде „ѕвезда“ во регионот, ние сме рангирани највисоко во индексот на Дуинг бизнис, со окацијата, субвенциите што ги нудиме, даночна политика и многу повеќе. Треба да настојуваме дополнително да го зајакнеме нашето деловно опкружување и да дизајнираме конкурентна политика за привлекување странски директни инвестиции за да ја зачуваме нашата конкурентност. Владата става се поголем фокус и во во преквалификација и усовршување на работната сила, па оттука и создавање земјата попосакувана за странски инвеститори, смета Ангеловска.