Стојанче Ангелов претседател на коалицискиот партнер на СДСМ, Достоинство иритиран од последните случувања за средбата помеѓу Мицковски и Борисов тој на вчерашната трибина во Валандово рече дека лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници.
-„Се изнаслушавме секакви работи за Договорот со Бугарија. Но вчера можевме да го слушнеме претсеадтелот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како на прашање на Борисов вели, цитирам „поткрепиме поткрепиме” Договорот. Да биде уште поинтересно се мачеше да зборува бугарски јазик иако лошио. Но она што е јасно е дека едно зборува овде на нашите луѓе а друго зборува надвор. Дрскоска отиде дотаму што, она што ние можевме да го слушнеме и да го видиме, тие се обидоа да го негираат. Може само да препоставуваме колку лажат за други работи“, рече Стојанче Ангелов.
Не е патриотизам ако мафтате со знамиња а ништо не правите за совојот народ. Вистински патриотизам е она што го прави оваа Влада, економски патриотизам, кој носи придобивки за сите наши граѓани, додаде Стојанче Ангелов на вчерашната трибина во Валандово.