Да се доделуваше Нобелова награда за лажење, ти Заев најверојатно ќе немаше конкуренција!?
Да се организира натпревар во неспособност, расипништво и манипулации, ти Заев најверојатно ќе беше не победен, апсолутен шампион во сите три категории!?
Безобразно!
Претера!
Всушност, претера многу одамна, но маката е што не престануваш!
Пред само 10 дена , на твојот официјален ФБ профил, си објавил, дека си го исполнил ветувањето и здравствените работници, по трет пат ќе добијат покачување.
Лага!
Нема покачување за докторите!
А ги нема ни половина од ветените 100000 за плата!
Што се е ветено и како ништо од тоа нема, можам да набројувам уште три дена.
Но неможам да премолчам како се расфрлаш со постови, дека ги има сите лекови , 10 објави имаш на темата.
Пак лажеш!
Од како си дојден на власт, многи основни лекови, посебно оние што се неопходни за деца, ги нема!
Прашај ги граѓаните, како од немај каде, се растрчани по земјите од соседството да ги набават дефицитарните основни лекови или како истите ги порачуваат по социјални мрежи преку посредници да им донесат!
Тебе ти е лесно, ќе напишеш два три реда на ФБ, ќе излезеш на прес со рачето на гради и ќе се испофалиш со не постоечки нешта, но ралноста е друга и далеку од добра!
Избриши си ги постовите Заев и избриши се од политичката сцена!
Остави тие што умеат, да ги поправат нештата дури сеуште има време, бидејќи ја уназади Македонија за 30 години!
Време е за обнова!
Home Политика Андоновска: Да се организира натпревар во неспособност ти Заев најверојатно ќе беше...