Вистинска драма се одвивала синоќа во земјава. Од Заев пак било барано за последен пат да му попушти на неразумниот и нерационален лидер на опозицијата од кој веќе сите биле разочарани и на сите им било преку глава од неговите блесави политички потези, пренесува Мактел
Нервите им биле при крај на клучните западни амбасадори во Скопје при синоќешните договарања за датум за избори.
Особено нервозна била америкаската амбасадорка Брнз која му се заканила на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицковски дека ако не го прифати 15-ти јули, ќе му даде зелено светло на Заев да оди на избори без опозицијата.
Таа му се обратила со многу строг тон на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, дознаваме од извори кои се добро запознаени со вчерашната драма во земјава.
Фрчеле телефони и од Брисел, дури и шефот за проширување, унгарецот Вархејли веќе бил при крај со нервите затоа што било договорено во Брисел и Вашингтон, изброите да се случат пред летото за на есен сите влади на балканот да се на цврсти нозе затоа што за септември е закажано решавањето на проблемот на Косово каде најверојатно ќе има и размена на територии меѓу Косово и Србија.
Дознаваме дека особено брутален бил еу амабсадорот Жбогар кој веќе подолго време бил лут на однесувањето на Мицковски уште и за референдумот за промената на името. Соочен со овој жесток дипломатски притисок Мицковски му ветил на Заев дека 15-ти јули ќе биде прифатен и од членовите на ВМРО ДПМНЕ во ДИК.
Извор: Мактел