По поканата да сведочи во Хаг, постојат сомневања дека Али Ахмети може да си даде оставка од позицијата претседател на ДУИ, бидејќи процесот на сведочење и интервју од страна на обвинителите на специјализираниот суд ќе биде долг, со што ‘ случајот го оневозможува Ахмети да ги извршува своите должности како претседател на партијата, пишува „Газета експрес“.
Ахмети се очекува да отпатува за Хаг на крајот на овој месец, додека нешто конкретно во врска со неговата оставка ќе се случи во септември. Органите на партијата очигледно не се подготвени за оваа ситуација и да назначат наследник на функцијата претседател на партијата.
Неофицијални извори го споменуваат Артан Груби, како в.д. претседател на ДУИ до следниот партиски конгрес. Груби доаѓа од позицијата прв вицепремиер на државата, што во случајов е највисоката позиција што ја има Албанец во Владата на Македонија.
Извор: ММС