Се појавува како сведок но Хашкиот трибунал подоцна може да утврди каков статус ќе му определи на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој треба да го даде своето сведоштво пред меѓународните обвинители на Специјалниот суд за 10 дена. Сведочењето ќе биде од Приштина на 2 септември, а според информациите обвинителите побарале лидерот на ДУИ да биде два дена на располагање за да сведочи.
„Јас можам да кажам дека во зависност од изјавата и во зависност од тоа што Трибуналот смета дека е релевантно, понатаму можеме да очекуваме какво својство ќе му определи на лицето кое што ја дало изјавата, односно на господин Ахмети“, рече Маргарита Цаца Николовска, поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, минатиот месец кога стана јасно дека Ахмети е повикан.
Ахмети, претходно извести дека е повикан од Специјалното обвинителство на Косово, да сведочи како еден од основачите на ОВК и член на Генералштабот.
Меѓународните обвинители побарале од лидерот на ДУИ да биде два дена на располагање за да сведочи.
Дел од албанските медиуми во земјава објавија дека можно е Ахмети да си поднесе оставка од лидерската позиција, а за тоа да му пресуди токму ова сведоштво.
„Без двоумење ја прифатив поканата и остварив конструктивен контакт и соработка со официјални лица во Хаг“, напиша Ахмети.
Извор: Фактор