Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,5 денри по литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар по литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 денари по килограм.
Од утре од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 28,368 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 1,042 отсто, дизелот за 1,524 проценти, екстра лесното масло има зголемување во просек за 1,409 отсто и кај мазутот од 0,73 отсто.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,108 отсто.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, како и намалениот износ на акцизата за бензините согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,90 отсто.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштуваат од РКЕ.
Инфо >> Фактор