Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев и претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ остварија средба со заменик-амбасадорот и прв советник во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, Станислас Мрозек.
На средбата се разговараше за изборниот фалсификат на 15 јули и за историски скандалозниот преседан со планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите изготвен од власта во Скопје и нејзините странски ментори.
Во однос на тоа како е изведена фалсификатот спрема Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“, Бачев и Кекеновски на соговорникот му приложија повеќе неспорни писмени докази од кои се гледа дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш севрена – само Македонија“ на изборите морала по секоја цена не да биде поразена, туку да биде понижена.
Бачев и Кекеновски детално го објаснија и планот на власта и нејзините ментори од странство кој го спроведе нивната инсталација – Државната изборна комисија, односно, ги пренесоа причините за тешкото изборно злосторство врз Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ во контекст на борбата за влијание во Македонија на двете супер светски сили поради што Единствена Македонија е колатерална штета на изборите.
Соговорникот беше непријатно изненаден од фактите и доказите кои му беа пренесени со забелешка дека вакви работи не се својствени за земја која претендира за членство во Европската Унија.
Истовремено Бачев и Кекеновски пренесоа дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ никогаш нема да го признае фалсификуваниот изборен резултат од 15 јули и дека правната битка за вистината и целосна сатисфакција продолжува пред судот во Стразбур. Во овој контекст, Бачев и Кекеновски изразија жалење од брзопотезното прогласување на изборите за фер и демократски од страна на ЕУ иако фалсификаните избори не се вредност за земјите -членки на ЕУ.
Бачев и Кекеновски изразија благодарност до амбасадорот Тимоние и заменикот – амбасадор Мрозек за корекната соработка и нивните бројни активности и иницијативи низ Републиката на образовен и културен план за поблиско запознавање и зближување меѓу македонскиот и францускиот народ и му посакаа успешна работа на новата должност на амбасадорот Тимоние кој поради истекот на мандат на почетокот на месецот замина од Република Македонија.
Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија
[…] Македонски весник […]
Comments are closed.