Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски на гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за вклучувањето на Сафет Бишевац како кандидат за пратеник.
-Господинот Бишевац е претставник на Бошњачката зедница во Македонија. Заеднички предлог е на ВМРО-ДПМНЕ, на неколку здруженија на Бошњаци во Македонија и партијата СДА која долги години е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ако сите се согласуваат дека тој човек треба да е нивни претставник во Собранието, ние можеме само тоа да го прифатиме, вели Николовски.
Според него, самиот факт дека Бишевац претходно го критикувал ВМРО ДПМНЕ, а сега со нив, зборува за реформите во партијата.
-Но, има уште една новина – ова нема да е униформен состав на пратеници на ВМРО – ДПМНЕ. Ќе видите поразлична работа на пратеничката група, изјави Николовски.