На емисија на 1тв новинарот Борјан Јовановски го спореди еден од слоганите на кампањата на професорката Гордана Сиљановска со хрватскиот усташки поздрав “За дом спремни”.
Во дебатна емисија со социологот Илија Иљоски кој вели дека слоганите на кампањата на опозицијата се обраќаат на тие што со право се незадоволни од одлуките на власта Јовановски, изнесува став дека нему слоганот татковината му заличил на хрватскиот усташки повик.
Синтагмата “За дом спремни” која и сега се користи од хрватските националисти е измислена од хрватските фашисти на Анте Павелиќ во втората светска војна и се смета за усташки симбол на фашистичката идеологија.
Други јавни личности предходно потсетија дека слоганот “Татковината повикува” можеби е инспириран од руски слоган од втората светска војна кој повикува на борба против фашизмот.
Споредбата на Јовановски на слоганот на кампањата на Сиљановска со хрватскиот фашистички повик е по 16 минута од видеото на 1ТВ.