Во последниве 24 часа регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19 во земјата, од кои шест од Скопје, двајца од Куманово и по еден случај во Прилеп и Велес, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
На Инфективната клиника во Скопје од коронавирус починал еден пациент од Делчево, на 60-годишна возраст. Филипче рече дека пациентот имал малигни болести.
Во последните 24 часа регистрирани се пет оздравени пациенти, а направени се вкупно 189 теста.
Вкупната бројка на заболени од коронавирус во земјата, со последните податоци, изнесува 1.674. Од нив, 1.205 се оздравени, 92 лица починале, а активни случаи има 377.
На Клиниката за инфективни болести примени се тројца нови пациенти, со што вкупниот број хоспитализирани изнесува 41. Во болницата „8 Септември“ има 25 пациенти, а во другите болници во другите градови хоспитализирани се 64 пациенти.