Во настап во емисијата Трилинг, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски застана во одбрана на Ванчо Михајлов, и порача дека мнозинството жители во Македонија во негово време и пред него биле „македонски Бугари“.
Ќе бидам многу сурово директен. Секогаш сум бил провокативен. Значи, Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Борис Сарафов и многу други што македонската историографија ги нарекува „врховисти“ зборувале дека во Македонија живеат македонски Бугари затоа што во нивно време тоа било мнозинството со кое тие се соочувале секој ден. Ние, во нашите проекции од југословенската комунистичка историографија, како на бинго ги влечеме и велиме овие се позитивните, а овие се негативните. Кога ќе ги погледнете биографиите на сите македонски револуционери ќе се соочите со една сурова реалност која денешната македонска историографија тешко ја признава и зборува за неа, а тоа е дека Ванчо Михајлов по прашањето на националното самочувство се определувал на ист начин како и првиот претседател на ВМРО Христо Татарчев. Човекот починува 1953, има спомени, во кои за народот кој живее во Македонија го зборува истото што го зборува Ванчо Михајлов. Тој е претседателот на Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански.. Христо Татарчев е десет години претседател на ВМРО. Гоце, Даме не се претседатели на ВМРО, изјави Георгиевски.
https://youtu.be/cbtXaZsafaI?t=773