ВМРО-Народна Партија на Љубчо Георгиевски ја потсети јавноста дека пред една и пол година ја повика Владата на Заев да купи нафта за неколку стотици милиони долари.
Нафтата тогаш се продаваше за само 17 долари за барел, патпати помалку од денешните цени кои предизвикаа невидени скокови на цената на горивото.
Во исто време тогаш укажувавме на одличниот момент и повикавме Народната банка да купи повеќе злато за поткрепа на државните резерви. Денеска, кога цените на златото, а особено на нафтата, достигнаа досега невидени височини, ја потсетуваме македонската јавност дека некои политички партии се уште стратешки размислуваат за македонската држава, а патриотизмот го потпрекуваат врз основа на знаење, а не врз база на пароли, соопштуваат од партијата на Георгиевски.