По „честитката“ за ослободувањето на Скопје, во која напиша дека Скопје било ослободено од македонските партизани и бугарската армија, екс премиерот Љубчо Георгиевски, во нов пост на фејсбук објавува нови „историски факти“ за ослободувањето на Скопје:
Ослободување на Скопје: Факти
-Во Скопје внатре се германските и албанските фашисти.Намерно го нагласувам етничкиот елемент поради општото лицемерие во нашата земја ”бугарски фашисти”.
-Околу Скопје се македонските партизани и првата бугарска армија.
-Има дискусија кој колку се борел.Според Радио Москва,Глас на Америка и Британските известувања Бугарската армија го ослободила Скопје. Според Југословенските информации Македонските партизани.
-Целото тоа ослободување е малку спорно и од аспект што Германците по план сами се повлекувале. Ја чекале армиската група Е од Грција и по неа ги напуштале градовите.
-Но едно е чисто внатре биле фашистите германски и албански а надвор антифашистите.
-Сите празници во градовите што денес се слават во Северна Македонија се кога германските фашисте се повлекле од тој град.
-Точно е дека македонските партизани им забраниле на бугарските официри да учествуваат на парадата.Но не оти ги опцул Боро Чушкар.Командата за тоа ја потпишал Пеце Трајков командант на бригадата Гоце Делчев и првиот воен командант на Скопје. Истиот тој една година по тој настан демонстративно го напушта Скопје и се преселува во Софија. Главна причина Србоманството на новата власт.
Таму ја пишува книгата ”Национализмот на скопските раководители” и е пребогата со информации за на настаните 1945,1946. Таму се основите како не направија Југословени и македонски срби.