Интернет гигантот Јутјуб го избриша филмот „Украина во пламен“ кој во 2016 година го сними легендарниот американски режисер Оливер Стоун. Во филмот, Стоун се осврна на Мајдан револуцијата од 2014 година, и го прикажа порастот на национализмот во Украина, вклучително и појавата на нео-нацистички движења.
Филмот е осврт на историјата на Русија од козачките атамани, Октомвриската револуција и освојувањето на дел од денешна Украина од Австријите, Унгарците и потоа Пољаците, Втората Светска Војна, па се до актуелните настани. За периодот на Мајдан револуцијата, филмот критички известува за американското мешање во Украина и обидите да именуваат лојални политичари на власт. За потребите на филмот, Стоун го интервјуираше и рускиот претседател Владимир Путин.
Конкурентската видео компанија Рамбл одговори на забраната на филмот на Јутјуб објавувајќи го на својата платформа.