Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци денес распали по обвинителката Фатиме Фетаи, која беше фатена жива како лаже дека сама платила за летот и билетот во Палермо. И покрај скандалот, Фетаи и денес е на натпреварот против Португалија во Порто, додека нејзиниот сопатник од Палермо, министерот за правда Никола Тупанчевски, реши да остане во Скопје за да не си ја загрозува понатаму положбата во Владата.
Засега само Фетаи покажа сметкопотврди за парите што ги платила за Палермо, а од нив се гледа дека уплатата била извршена со денови по натпреварот.
Со други зборови, трчала по банки откако ја ,,фатија” и ја даде изјавата во медиуми дека ,,сè сама платила”. Ама авионот и билетот сепак биле гратис, рекле од ФФМ. И тоа не е сè, драги гледачи. Она и судијана викан ,,живејте го животот” денеска, пак во работен ден, се во Порто да си гледаат фудбал. Ни ронка срам за тоа што ги фатија претходно, како во Палермо добиле лет и билет – гратис. Не ве ро јат нооо! И ова да ти било држава…., порача Јоци.
Вака за гратис авионче и билет, некои и хотел, на таа пара што ја земаат – сериозно не ги сфаќам зашо се избрукаа! Изгледа прешло у навика, па никој не се потресол, пошто перцепцијата им е мутна ко мутен Вардар. Се осеЧаат ко Холивуд. Јак филм е тоа! Нешо ко оние шо возат коли од 50.000 јура, а неќат да плаќаат паркинг. Изгинаа за хотелќе, билетче и сендвич, вели Јоци во друг од низата коментари што денес ги објави на Фејсбук и и ги посвети на Фатиме.
На крај, Јоци заклучи: „И после вмровци ни се смееле за маичките со Катица, Фатиме…па, за смеење сме!“