Како што се лизга власта на СДСМ и одат на буниште на историјата, така некако горчливо завршуваат и вештачки одржуваните бракови за политички цели на нивните неизживеани функционери кои трчаа по моќ и брда пари. А, потоа паѓаат како круши.
Во оваа политичко-медиумска изјава со ,,деца” во наслов, а потоа и јавната одмазда на сопругата на екс директорот на ЕЛЕМ, за жал, жртви се децата.
И очигледно двајцата не сфаќаат дека си ги искористиле сопствените деца додека трупале кеш, а на крај ги фрлиле како ,,храна” на малограѓанството. Како што се и самите, имено, со вакви ,,булеварски” испади. И којзнае што создале од нив додека трупале кеш и ги оставале децата по страна, како што се сфаќа од напишаното од сопругата.
Тоа е, што е. Ќе читаме уште многу вакви малограѓански глупости до избори и потоа.
(фејсбук статус на Јорданка Ивановска Јоци)