Пред било кој да дебатира за ДОКАЗ, треба да е јасно дека НЕ Е ЕДЕН ЧОВЕК.
Станува збор за цела една организирана мрежа на луѓе кои комуницираат/ле меѓу себе со цел да наштетат и психички да делуваат на многу луѓе во оваа држава, а и да наштетат на државни интереси. Подземје.
Оваа група ги врзува голем кеш пред сé, во свињарииве наоѓале и забава, но најчесто станува збор за безочни отстрели и платени нарачки со дебели пари.
Тука веројатно е да има и политичари и луѓе на позиции, кои плаќале за соперникот или некој кој пречи, да биде извалкан со лаги.
На пример, претпоставка, еден нафтен тајкун плаќа фамилијата на другиот да биде ставена на тапет.
Јас со години сум на тапет на оваа мрежа. Едниот не објавува, објавува другар му, пример. Али сите во дувлото се кезат.
Тука има и мажи и жени. Сега на сите ќе им ги прочитаат пораките и избришаните од back up, па ќе се чудат други, кои им верувале, како ги оговарале и исмејувале.
Еве сеа чекаме ,,другар му” да биде уапсен и сите да пеат кој, каде, со кого, зошто, за колку…
(фејсбук статус на Јорданка Ивановска Јоци)