Го глушам Героски на “Само интервју” на Канал 5. Овој човек воопшто не мисли; неговите мисли ги темели на “овој ми рече” или “оној ми рече”. Значи за да оформи став, стално некој нему мора да му каже и некој да му рече.
Се што во оваа држава се случувало, за тоа бил виновен Заев, така ги правда своите анализи Героски, што од друга страна ми ја потврдува тезата дополнително дека не само што не мисли, туку можеби не знае или го мрзи да мисли. Важно, он слушал разни брифирања од “радио милева” извори.
Потоа, кога се умори од бербатење на Заев, зема Ковачевски да го навредува, така што прво го направи неспособен, што претставува ноторна глупост и одвратна дифамација. Човекот ни покажа сосема конкретно дека е способен да ја води државата: да тргнеме од сите возможни и невозможни кризи во општеството кои ги санира одлично. Да не одам сега таксативно со набројување.
И на крајот, прилично шовинистички или автошовинистички, ги нападна албанците: Владата на Ковачевски била “албанизирана”.
Монструозни тези кои на еден перфиден и лош начин, а Героски не само што е суетен, туку е и зол човек, продлабочува омраза кон албанците на суптилен и пропаганден начин.
Неговото разбирање за албанците во најмала рака е дискриминаторско, затоа што дискриминацијата не се качува “кон горе”, туку се спушта “кон долу”, а тоа е обичниот граѓанин албанец кој има свои желби, стравови и надежи како што има желби, стравови и надежи секој еден македонец. Не го погодува критиката Ахмети и Османи, туку го погодува обичниот албанец. Ама за тоа на Героски никој не му кажал. Ако му каже, веројатно ќе разбере.
А Героски само нека продолжи да го потценува Ковачевски. Овој човек ќе докаже за брзо, како што докажа за една година, дека е страшно способен, мотивиран и со јасна цел и визија за земјата.
Ковачевски заедно албанците, вклучително и со останатите коалициони сили, ќе ги спојат сите енергии во земјата, чекор по чекор, прво за Уставни измени, а тоа е најкомплицираниот дел, понатаму и за продолжување по мирно море и за евроинтеграциите. Досега никој не стигнал до оваа фаза.
Знам, тоа ги вознемирува затоа што низ Ковачевски сфаќа Героски, а богами сфаќа и Мицкоски, колку всушност се неспособни да ја придвижат државата напред.
Ковачевски е нивното огледало. Во него се огледуваат себе. Ама и за ова Героски нема прашано, а бидејќи нема кој да му каже, еве јас сега му кажувам.
(фејсбук статус на Ненад Јовановиќ)