Партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев и Националниот Блок „Македонија Бојкотира“ протестираат против одлуката за номинирање на директорот на тајната полиција, Виктор Димовски, за амбасадор во Франција.
Димовски како директор на АНБ своевремено нареди следење и прислушкување на
претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев и други лица од „Македонија –
Бојкотира“ само заради учество во уставно загарантираните протести против промена
на името во периодот од јуни 2018 до јануари 2019 година. Единствена Македонија дојде до досието „Атлантик“ од кое јасно се гледа дека АНБ вршела следење и прислушкување кое е целосно незаконско и неосновано. Потврда за ова е што нема ниту една пријава за терористичко дејствување а за што всушност било наредено тајното следење и прислушкување, се вели во соопштението на Единствена Македонија и „Македонија Бојкотира“.
Одлуката за избор на Димовски за амбасадор во Франција е тежок срам и преседан во
меѓународните односи, како една држава ја користи сопствената дипломатија против
сопствените интереси. Ликот ја користел тајната полиција за следење и прислушкување на неистомисленици на марионетската власт во Скопје. А народот
наивно верувал дека тајната полиција ја штити државата од странска шпионажа, па,
тогаш, кој ќе следи и прислушкува политичките неистомисленици на власта?