Апелацискиот суд во Скопје им изрече условни казни од 6 месеци затвор на Здравко Савески и Владимир Куновски, двајца активисти на Шарената револуција, за насилните протести на 12 април 2016 година кога учествуваа во палењето на канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на Скопје. Протестите избија по одлуката на Иванов да ги помилува обвинетите од страна на Катица Јанева, во обид да го спречи уривањето на власта и најавените отстапки со македонскиот национален идентитет.
Од многубројните учесници во протестите, само Савески и Куновски дојдоа до апелација, откако добија две ослободителни пресуди. Од целата толпа – шест лица беа приведени и ставени во куќен притвор.
Со оваа пресуда судовите фактички испраќаат порака до граѓаните да останат безгласни и пасивни пред корупцијата, криминалот и неправдата, затоа што во спротивно ќе се соочат со кривичен прогон во кој повисоката цел – демократијата и владеењето на правото, треба да отстапи пред политичката репресија и формализмот на правната држава. Сметаме дека е поразително тоа што судовите целосно го игнорираат контекстот во кој се случило делото, односно дека ги занемаруваат причините за граѓанскиот револт во критичниот ден – срамната аболиција која беше кулминација на режимското владеење, заробувањето на институциите и погазувањето на правната држава. Правото мора да ѝ служи на правдата, порачуваат од Хелсиншкиот комитет од каде остро ја осудија пресудата за Савески и Куновски.