Поранешниот министер и аналитичар Џевдет Хајредини смета дека пржинската спогодба и техничката влада не донела ништо добро. Но и покрај тоа, потенцира Хајредини, техничка влада на Македонија и треба што поскоро, а со тоа и предвремени парламентарни избори.
-Целокупната криза што доведе до пржинската спогодба не донесе ништо добро. Ништо од ветувањата не се оствари, освен тоа што влеговме во НАТО. Се друго не само што не е подобро, туку состојбата во државата е дури и полоша. Ако се има добри намери од сите политичари кај нас, потребно е да не се чекаат редовни избори, бидејќи гледаме какви комбинации се случуваат и сега за да се обезбеди и да се задржи мнозинство. Предлагам што поскоро да се формира техничка влада и веднаш да се распишат предвремени избори , затоа што политичката криза е се подлабока. По изборите ќе мора да врати принципот за коалиција победник со победник, и покрај тоа што тој принцип во последниве неколку години е компромитиран. Но ако на некого одгвара сигурно ќе го вратат. ДУИ инсистираше на тој принцип кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но во последниве години не е валиден, бидејќи сега СДСМ нема мнозинство кај македонците, вели Хајредини во изјава за весникот ВЕЧЕР.
Техничката влада која се формира според таканаречниот „Пржински модел“ првпат беше применета на изборите во 2016 година, а беше производ на таканеречениот пржински договор за излез од кризата до која дојде откако тогашиот опозициски лидер Зоран Заев почна со објавувањето на „бомбите“, по што следеа предвремени избори.