Љубомир Фрчкоски е именуван за новиот македонски амбасадор во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк. Утешната награда доаѓа откако САД одбија да го примат поранешниот министер за полиција и надворешни работи од матното време на транзицијата за амбасадор во Вашингтон.
Неговото именување беше блокирано во Собранието, каде опозицијата бараше од Фрчкоски да одговори на многубројни прашања – од наводите за негова вмешаност во атентатот на Глигоров, до насилството во сопствената и туѓи жени. Денес, претседателот Пендаровски реши да го именува Фрчкоски со декрет. Од кабинетот на претседателот инсистираат дека законот бил испочитуван.
Првите честитки на Фрчкоски му дојдоа од негови пријатели како Бранко Тричковски. „Му го честитам на професорот Фрчковски амасадорското место во Оединетите нации. Не гледам човек кој подоро и ја претставувал Северна Македонија на таа важна позиција, особено во вакви драматични околности во врска со руската инвазија и сите импликации што можат да го снајдат светот. Му посакувам успешен мандат. Кој нема да иде сосема успешен ако не не угости мене и Рафе на некоја конференција за перспективите на мирот и на војната. Хахаха“, порача Тричковски.