Војната во Украина поттикна многумина да се потсетат на зборовите на политичкиот дисидент Џулијан Асанж. Основачот на Викиликс се прослави објавувајќи инфорамции од бојните полиња во Ирак и Авганистан, каде со снимки ги аргументираше обвинувањата за воени злосторства што ги вршела американската армија.
Пред две години, набргу пред да биде уапсен од британските власти, Асанж даде интервју за каналот Русија Денес во кој го предупреди светот дека политички контролираните медиуми работат на тоа да предизвикаат војна.
Една ужасна работа која ја открив е дека безмалку секоја војна која беше започната во изминатите 50 години е резултат на лаги во медиумите. Медиумите можеа да ги спречат овие војни, да истражуваа доволно. Но тие без збор ги преобјавуваа лагите од владината пропаганда. Можеа да ја запрат пропагандата. Ова значи дека населението во суштина не сака војни, и затоа медиумите мораат да ги измамат за да обезбедат поддршка за војните. Кога е свесно, населението не сака војна. Ако имаме квалитетни медиуми, ќе имаме мирољубиво население. Нашиот непријател е незнаењето. Неприајтел број 1 е што мнозинството не разбира што се случува. Дури кога ќе почнете да разбирате што се случува можете да носите правилни одлуки. Прашање е кој го промовира ова незнаење – тоа се организациите кои се трудат да ги држат информациите под тајност и кои ги искривуваат информациите. Во оваа втора категорија зборуваме за лошите медиуми. Медиумите, според мене, се веќе толку лоши што навистина мораме да размислиме дали светот би ни бил подобар без нив. Има многу добри новинари, и ние соработуваме со многумина од нив, но огромното мнозинство новинари се ужасни. Тие ги извртуваат информациите толку многу што како резултат добиваме војни, порача Асанж.
По објавувањето на информации за семејството Клинтон, и особено на архивата на дипломатски записи на Стејт Департментот, тој се најде под силен удар на американските власти, и мораше да помине скоро една деценија затворен во амбасадата на Еквадор во Лондон, а сега е во строг затвор во Британија каде чека екстрадиција во САД.