Во последната емисија „Во Центар“ со Васко Ефтов објавена на Јутјуб, гостин беше Професорот Фрчковски, кој зборуваше на повеќе теми, особено за спорот со Бугарија, но се осврна и на поранешниот Вицепремиер за Евроинтеграции, Никола Димитров, напаѓајќи го дека, тој обвинува јавно дека во партијата СДСМ постои клиентелизам, сега кога не е на функција во новата Влада, но заборавил дека тој бил пратен за амбасадор во САД во исто време кога неговиот татко бил амбасадор во Москва, што според Фрчковски претставувало „супер клиентелизам“ и според него, „Димитров е дете на најголем клиентелизам“.
Понатаму во разговорот Фрчковски продолжува дека имал средба со поранешниот Претседател Борис Трајковски додека разговарал со Никола Димитров кога бил амбасадор во САД, да го моли 45 минути, како што кажува Претседателот, да и каже на мајка му Ратка Димитрова, да не лобира за Кедев за кандидат за Претседател од ВМРО-ДПМНЕ, што според Фрчковски било пресудно да крене раце и интерес од Никола Димитров. Погледнете ги сите пикантерии од интервјуто:
https://www.youtube.com/watch?v=Mz6wcPy3OqI