Во последната емисија „Во Центар“ со Васко Ефтов објавена на Јутјуб, гостин беше Професорот Фрчковски, кој зборуваше на повеќе теми, особено за спорот со Бугарија, но се осврна и нa улогата на САД во војната 2001 година против терористите од УЧК.
Фрчковски кажа дека нашата Влада добила 12 дена рок да го „исчисти“ с.Арачиново односно да го ослободи од терористите кои го имале завземено под опсада. Нашата Влада размислувала да нападне воздушно, на како што Фрчковски кажа, со тоа немало ништо да направат, бдеијќи од селото ќе направат килим, но терористите и понатаму ќе останат, а од друга страна, преголем ризик било да се пуштаат наши војници да го чистат куќа по куќа, за да нема жртви.
Бидејќи нашите безбедносни сили не можеле ништо да сторат за тие 12 дена, во пресрет излегле американците, кои како што кажува Фрчковски, со автобуси, ги собрале и со се оружје ги извадиле надвор од селото и селото било ослободено. Повеќе погледнете од интервјуто:
https://www.youtube.com/watch?v=Mz6wcPy3OqI