Home Политика Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

18
0

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е несреќно дадена изјава, велат извори со кои разговараше денеска МКД.мк, а кои се вклучени во процесот на реконструкција на Универзална сала. На денот на избувнувањето на пожарот, Костадиновска Стојчевска изјави дека Универзална сала е осигурана, а од наплатата ќе се санира штетата.