Немало грешка. На девојчето му дошло време да умре… од срце. Нема грешка, како што овде нема ни грешници… ни курви ни лопови. Овде сме сите светци.
Тоа што девојчето умре во болница по инфузијата не се рачуна.
Значи да не беше во болница и да не примаше инфузија, може немаше да умре.
Ама тоа се шпекулации на фејсбук експерти.
Исто ко со вакцините.
Трипати повеќе срцеви и пет пати повеќе мозочни удари само една година по ковидот.
Тоа не е од вакцините ви се молам. Со меко Л.
Пошто некои што ги примиле не се разболеле и уште се живи.
А оние што умреа по примената вакцина од масивен инфаркт не се рачунаат исто. Само немале среќа и здраво срце.
Исто не се рачунаат и оние кои сега ти се жалат на улица: А бе глумец после бустероот не сум веќе ко што бев, притисок висок, се ме боли кога станувам од спиење, матно ми е у глаата, се осеќам ко дедо… сањам гробари со лопати.
Ама најтрагично е што никој од нас не знае колкава ќе биде цената на лагите што ги голтнавте од Филипче и власта. Оти има уште рати за плаќање.